На 24.06.2022 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.С.(59) од селото Требеништа, општина Дебарца.
Тој, претходно бил затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.