СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Р.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 03.06.2022 на својот профил на социјална мрежа, пријавениот постирал текст со заканувачка содржина кон одговорните и вработени лица во компанија. Набргу потоа, со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(62) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 14.03.2022 на објава од портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство кон определена група или поединец.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2022 03:06