Јавното обвинителство поведе постапка против 31 -годишен скопјанец, поради сомнение дека во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, при вршење семејно насилство со умисла и нанел тешки телесни повреди на својата 70-годишна мајка.

Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, осомничениот на 21 јуни во вечерните часови најпрвин започнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце. Од страв да не биде повторно нападната, оштетената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24 јуни, кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа.

-Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои очигледно укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, информираат од Обвинителството.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2022 12:52