Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 709 возачи.

Од нив 69 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 366 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 343 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2022 13:04