На 27.06.2022 околу 14.00 часот во тетовско Јажинце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево го привеле 43-годишниот Б.Б. од ова село.

Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од две години и еден месец во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Подоцна, тој бил донесен во Полициската станица Тетово и спроведен во казнено-поправната установа.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 11:03