Денеска беше спроведена координирана акција во КПД Штип.Акцијата се реализираше во раните утрински часови од 6 до 9 часот а беше организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО.

При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи.

Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ,ќе сноси одговорност. Никој нема да биде поштеден од одговорност.Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 12:00