Во изминатите речиси шест месеци од 2022 година на тетовското подрачје изречени се вкупно 2430 мерки за погрешно паркирање, информираа денеска од СВР Тетово.

Сите овие луѓе добиле парична глоба за овој вид прекршок, кои согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност. Воедно на прекршителите им се наплаќа и одреден надоместок за подигнување на возилата од „пајак-службата“.

-Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до сопствениците на возилата да не ги паркираат каде ќе стигнат и посебно не во таканаречени „двојни редови“, зашто секое непрописно, односно погрешно паркирање ќе биде соодветно санкционирано со изготвување на законски предвидените поднесоци и со подигнување на овие возила кои нeпосредно го попречуваат безбедното движење на другите учесници, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Со доаѓањето на времено вработените од странство во нивните родни места, кое во наредниот период уште повеќе ќе се интнзивира, на подрачјето на СВР Тетово значително се зголеми вкупниот број возила и дневната сообраќајна фрекфренција по тетовските и гостиварските улици, но и на автопатотот, регионалните и локалните патишта.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово најавуваат дека ќе се преземаат мерки и активности, покрај другото, и за поголем ред и безбедност со паркирањето посебно во нивните централни подрачја, со цел да се пресретнат и санкционираат евентуалните мешаници како последица од погрешно паркирани возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 13:09