Денеска во 12.45 часот на ул.„Дижонска" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(39) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 418 од

Кривичниот законик, за кое бил осуден на казна затвор од пет години и 10 месеци. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 14:54