На 28.06.2022 во периодот од 14.30 часот до 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле С.А.(25), А.А.(54), Е.Х.(37) од Гостивар и А.С.(60) од гостиварско Беловиште.

За сите четворица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворски казни.

По приведувањето, четворицата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2022 11:06