Потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања постави прашање до премиерот на Владата Димитар Ковачевски како Чифлиганец станал сопственик на топловодната и производствена мрежа во Скопје, како и дали во Македонија се живее подобро.

Она за што исто така треба да дадете одговор како еден транзициски олигарх од типот на Чифлиганец сега е сопственик на топловодната и производствена мрежа во Скопје. Има и многу други прашања, но еве одговорете дали во Македонија се живее подобро, праша Николоски.

Но, добро познато е дека премиерот Ковачевски бега од одговор пред јавноста, па така избега и сега, игнорирајќи го прашањето со објаснување дека постојат документи во Централниот регистар за сопственоста на компаниите, како истите се купени и од кои банки се земени кредити, додавајќи дека во такви постапки не сакам да навлегува.

Во однос на топлинската енергија, за сопственоста постојат документи кои што се јавно достапни и кои што може да се видат во Централен регистар, кој како ги купувал компаниите, каде ги земал кредитите во кои банки, и врз основа на кои услови, какви постапки не сакам да навлегувам, рече Ковачевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2022 02:24