На 27.06.2022 околу 20.15 часот во СВР Скопје, И.Б. (30) од Скопје пријавила дека во дворот од на нејзината куќа на ул. „Македонско-косовска бригада“ соседот И.Л. ѝ се заканувал и се обидел да ја нападне со метален предмет неа и нејзините малолетни деца, но не успеал.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2022 03:45