Франција, првата земја што воведе „гласовен часовник“ за информирање за точното време, ја исклучи услугата вчера на полноќ, по 89 години.

Автоматската услуга „точно време“ е воведена 1933 година, со првиот автоматски гласовен часовник во опсерваторијата на Астрономски истражувачки центар во Париз… Пред да се воведе „гласовниот часовник“, вработените морале лично да одговараат на прашањата за точно време на телефоните на опсерваторијата. Точно 20 телефонски линии примале 140.000 повици, од кои само на 20.000 можело да се одговори поради тогашната технологија…

Технологијата е подобрена со текот на времето, па од 1991 година, тоа било поврзано со атомскиот часовник во опсерваторијата и можело да продолжи да го прави тоа до 2085 година без никакви дополнителни влогови и трошоци.

Државната француска телефонска компанија ја откажа услугата, која чинеше 1,50 евра по повик, бидејќи во ерата на паметни телефони и мноштвото други уреди, за неа нема веќе интерес.

Телефонската услуга „точно време“, инаку, сѐ уште се нуди во други земји. Во Германија, на пр., според „Телеком Дојчланд“ овие повици сѐ уште се прилично популарни, особено во деновите кога времето се менува од летно во зимско и обратно.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2022 11:51