На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за неносење на сигурносен појас.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2022 09:34