Во близина на автобуската станица во Гостивар, денеска во 09.45 часот полициски службеници од СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ја лишиле од слобода М.И.(29) од гостиварското село Вруток.
Таа била барана со потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од три години во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело по член 237 ст.1 од Кривичниот законик.
Од МВР информираа дека лицето ќе биде спроведеното во установата за издржување на казната.