На 02.07.2022 во 18.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје.
Тој, околу 18.00 часот на ул.„Жан Жорес“ физички нападнал малолетничка и ѝ одзел мобилен телефон. А.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.