На 02/03.07.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акцискa контролa во склоп на оперативниот план "Безбедно лето-2022" на цело подрачје на СВР Битола односно контрола на јавни места каде има нарушување на јавниот ред и мир .

При контролата опфатени беа 37 локации на подрачјето на СВР Битола каде беа извршени вкупно 63 проверки на идентитет, 39 прегледи на лица, четири прегледи на патнички моторни возила. При контролата приведено е едно лице кај кое е пронајдена марихуана, по чл. 215 од КЗ. Поднесени се шест прекршоци по чл. 6 од "Законот за прекршоци против јавниот ред и мир" и 27 прекршоци по" Законот за безбедност на сообраќајот на патишта" .

СВР Битола продолжува и понатаму со спроведување на зајакнати акциски контроли за зајакнување на јавната безбедност.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2022 04:04