Во текот на вчерашниот ден во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи.
Од нив, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.