Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 408 возачи.

Како што соопшти МВР, од нив 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 173 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2022 10:32