Полицијата вчера во рамки на акциските контроли во областа на сообраќајот во Скопје изрече 91 мерка. Од нив, осум се за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 мерки за недавање првенство на пешаци…
Од Министерството за внатрешни работи потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.