Полициски службеници на СВР Тетово, вчера во 22:25 часот во Тетово го привеле тетовецот Н.А.(28).

За него, како што информираат од МВР, била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2022 11:02