На 06.07.2022 во 03.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.З.(25) од Куманово.
Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во куќа на улица „Моша Пијаде“ и одзел пари. Е.З. бил приведен во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.