Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово привеле 110 лица кои со судски наредби се барале за издржување на затворски казни, претежно на тетовското подрачје, а во последните два месеци и на гостиварското.

Најголемиот број од нив биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, а биле осудени на затворски казни за имотни деликти, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“ и за други кривични дела.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2022 13:26