Илон Маск добил близнаци во ноември 2021 година. А, како што пишува „Бизнис инсајдер“, милијардерот и мајката на бебињата, Шивон Зилис, поднеле барање до судот децата да го имаат презимето на нивниот татко и она на нивната мајка како дел од нивното целосно име.
Суд во Тексас го одобрил барањето.
Инаку, Илон Маск има уште седум деца – две со канадската пејачка Грајмс и пет со поранешната партнерка Џастин Вилсон.
Зилис, инаку, му била колешка на Маск и извршна директорка на компанијата за вештачка интелигенција на Маск, „Неуралинк“. Таа почнала да работи таму во мај 2017 година, а во меѓувреме е назначена и за одговорна за проектот за вештачка интелигенција во „Тесла“, каде што работела до 2019 година.
Таа, наводно, ги родила близнаците неколку седмици пред Маск и неговата доскорешна сопруга, Грајмс, да го дочекаат своето второ дете.