Кијану Ривс уште еднаш покажа колку може да биде непосреден, близок со обожавателите и зошто е еден од најсаканите холивудски глумци денес… Случката ја сликал ТВ-продуцентот Ендрју Кимел, кој на Твитер објави и како се одвивал кусиот разговор на случајната средба меѓу холивудската ѕвезда и негов млад обожавател.

Момчето, имено, побарало автограм од Ривс по летот од Лондон до Њујорк, а потоа „испука низа прашања како со рафал… Кијану со задоволство одговори на секое од нив“, напиша снимателот над фотографијата.

„Човекот не можеше да биде попријатен, особено по прекуокеански лет. Сакав да го споделам ова бидејќи човеков е класика, а малите мигови како овој, можат да направат така голема разлика во животите на луѓето“, посочи Кимел.

Кога момчето почнало „да снемува прашања“, Ривс на шега возвратил со свој „рафал“ прашања: „Зошто беше во Европа? Во кои галерии беше во Париз? Што ти се допадна најмногу?”

Кимел додаде дека ни требаат повеќе луѓе како Кијану.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2022 14:26