Три кражби се случиле вчера во Куманово, во деловен објект, угостителски објект во центарот на градот и во транзитниот центар Табановце, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера во 08:39 часот во СВР Куманово било пријавено дека во деловен објект на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово било влезено со употреба на сила и биле одземени пари.

Во 20:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово било влезено и биле одземени предмети.

Вчера, во СВР Куманово било пријавено дека во објектите во Транзитен центар Табановце било влезено и биле одземени предмети.

Полицијата преземаат мерки за расчистување на случаите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2022 14:36