Опожарена е гаража и дел од покривна конструкција на куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид.

Командирот Борко Јанкулоски информира дека пожарот бил ставен под котрола, а пријавен е денеска во 12 часот. Рече дека по пријавата, екипа на Територијалната противпожарна единица веднаш интервенирала со две возила и 12 пожарникари.

– Со брза интервенција на пожарникарите, пожарот е локализиран. Опожарен е мал дел од кровната конструкција, додека гаражата целосно изгоре. Предизвикана е матријална штета, која можеше да биде многу поголема доколку не се интервенираше навреме, изјави Јанкулоски.

Причината за пожарот, додаде тој, не е позната.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2022 15:29