ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А. (20) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
Тој, на 23.06.2022, со патничко возило „опел астра“ влегол во училишен двор во кој имало деца и удрил во статива на спортското игралиште, која се поместила и повредила едно малолетно лице од Пешкопеја, Република Албанија.