Во планинскиот појас над кичевското село Другово, во близина на автопатот во изградба Кичево-Охрид, вчера во 12:00 часот полициски службеници од ОВР Кичево пронајдоа патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки.
По преземени мерки било констатирано дека возилото претходно учествувало во сообраќајна незгода, истиот ден во 07:30 часот и дека возачот М. С. (63) од Охрид, го напуштил местото на незгодата, го оставил возилото и избегал.
Од извршениот преглед на возилото, констатирано е дека во него има околу 3 метри кубни огревно дрво, кои се предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.