Долго време неинтересни на колекционерскиот пазар, ве-ха-ес видеолентите последниве месеци постигнуваат фантастични цени на новите наддавања, благодарение на носталгијата кон овие касети, но и желбата за нови можности за инвестирање.

– Колекционерите на видеокасети ги има 1970-ти, кога овој видеоформат првпат беше воведен, но овие денови повеќето „Ве-ха-ес лентите“ не вредат речиси ништо. Ќе бидете среќни ако добиете до пет долари, вели Џон од синирот „Њумаркет“ во Канада.

Во аукциската куќа „Херитеџ“ во јуни, сепак, видеоснимка од филмот „Враќање во иднината“ е продадена за 75.000 долари, а примероци од „Ѓаволчиња“ (Goonies) и „Ајкула“ (Jaws) беа продадени за 50.000 и 32.500 долари, соодветно.

До неодамна, само некои филмови кои не се достапни на Интернет или други медиуми, особено помалку познати хорор-филмови, можеа да имаат повисоки цени, понекогаш дури и над 1000 долари. Но, овој нов тренд најмногу вклучува „блокбастер“ филмови, особено од раните 80-ти. За една лента да се смета за вредна, таа мора да исполнува некои посебни критериуми, како што се први изданија или запечатени примероци.

Џеј Карлсон, директор на „Ве-ха-ес“ одделот во „Херитеџ“, рече дека некои видеокасети можат да достигнат и шест цифри, можеби седум цифрени суми. Тој сепак, гледа повеќе потенцијал во видеолентите отколку во видеоигрите, коишто лани на наддавањата забележаа две продажби од над милион долари.

– Познавам многу луѓе кои не се обожаватели на видеоигри и не играат игри, но не познавам многу луѓе кои немаат омилен филм, истакна тој.

Последните видеорекордери, инаку, беа произведени 2016 година.

Филип Бејкер, кој ја води страницата „Видеоколектор“, смета дека носталгијата е една од главните причини за повторно зголемениот интерес.

– Една од посебните работи за видеокасетите во споредба со другите формати е тоа што тие беа првиот достапен начин за гледање филм дома, вели тој.

Интернет-водителот Пет Контри има поинаков поглед и прави паралела меѓу актуелниот ве-ха-ес тренд и видеоигрите. Тој рече дека двата пазари се преплавени со „луѓе кои штотуку решиле да влезат“ во нив. Си рекоа: „Имам пари, ајде да вложам во нешто“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2022 14:31