Во текот на вчерашниот ден казнети се 310 возачи во засилена акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Како што денеска информираа од МВР, од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 196 надвор од населено место.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2022 11:29