Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.С.(59) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 25.03.2022 во атар на село Здуње, пријавениот, додека извршувал работни задачи во приватна фирма – ископ на земјиште со работна машина багер за поставување на водоводни цевки, со корпа од багерот искинал подземен далеководен кабел, сопственост на ЕВН Македониjа, со што причинил штета на ЕВН Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2022 03:13