МВР информира дека во текот на вчерашниот ден 304 возачи биле санкционирани за брзо возење.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 144 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2022 15:31