На 14.07.2022 полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал во содејство со Единицата за интервентна полиција, двете при СВР Скопје, лишен од слобода е Р.Р.(37) од Скопје. На 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Р.Р. фрлал со камења кон полицискиот кордон и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства.

По преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, Р.Р. е приведен во полициска станица и против него се обезбедени сите докази. Во координација со ОЈО Скопје против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик, по што лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2022 12:39