Во Куманово полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција вчера го лишиле од слобода А.С.(24) од Куманово, осомничен за извршени тешки кражби.

Како што денеска информира МВР, тој се сомничи дека на подрачјето на Куманово извршил четири тешки кражби, од кои две во цркви, една во угостителски објект и една на приватен имот.

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2022 11:32