Полицијата приведе кумановец кај кого била пронајдена криумчарена стока и автоматска пушка, соопшти денеска МВР.

Утринава полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Д.Б.од Куманово.

– При претрес во домот на Д.Б. извршен со судска наредба, била пронајдена голема количина на криумчарена стока и автоматска пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2022 13:08