ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против И.Б.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 02.03.2022 и на 04.03.2022 на подрачје на Кавадарци и Неготино, пријавениот неовластено употребил платежна картичка на лице од Кавадарци и во повеќе наврати подигнал парични средства во износ од 16.500 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2022 03:42