Во полициска контрола на територија на СВР Битола за санкционирање на возачи кои возеле под дејство на алкохол санкционирани се 53 возачи.

– Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 20, на подрачјето на Прилеп 22,пет возачи Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, два Македонски Брод и една санкција Крушево, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

За време на контролата изречени се и 63 други прекршоци. Контролата е спроведена во периодот од 23 часот до 5 часот утринава.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2022 09:27