На територија на Град Скопје изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон.

Сообраќајните контроли, најавија денеска од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2022 09:32