Нова тужба е поднесена во САД против производителот на чоколадни бонбони „Скитлс“ (Skittles). Во неа се тврди дека тие се „непогодни за човековата исхрана“ и содржат штетни состојки.

Џенил Тејмс од Калифорнија поднесе тужба против компанијата „Марс инк“ (Mars Inc.), која е сопственик на „Скитлс“. Според обвиненијата, оние кои ги внесуваат состојките, „се изложени на зголемен ризик од низа здравствени последици за коишто не знаат дека произлегуваат од генотоксичноста – способноста на хемикалијата да ја менува ДНК-та“. Се работи, всушност, за титаниум-диоксид, за којшто компанијата во 2016 година се обврза дека ќе го отстрани.

Се наведува и дека компанијата продолжува да продава производи што содржат титаниум-диоксид. Оттаму тврдат дека вештачките бои што се користат во нивниот производ „не претставуваат никаков познат ризик за здравјето или безбедноста на луѓето“, како што објави „Гардијан“.

Тужбата, исто така, ја доведува во прашање и употребата на амбалажата:

„Обвинетиот се повикува на списокот состојки напишан со ситни букви на задната страна на производот, што го отежнува читањето и поради недостатокот на контраст во бојата меѓу буквите и позадината на пакувањето“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2022 09:37