Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 424 возачи во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Како што денеска соопштија од МВР, од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 184 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 240 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2022 11:24