Во сообраќајка што се случила утрово околу 09.50 часот на ул. „Рузвелтова“ во Скопје, според првичните информации, со повреди се здобил мотоциклист, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.

Во СВР Скопје, информираа за МИА, било пријавено дека на ул. „Рузвелтова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки. Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.

На местото на сообраќјката се уште се врши увид.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2022 12:44