Шумски пожар кој избувнал вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопшти дека вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн чад – шумски пожар на отворено каде горело дабова шума.

-Пожарот бил над селата Ореше и Папрадиште, истиот се наоѓал на непрооден терен и е предизвикан од човечки фактор. Пожарот е изгаснат денес од страна на мештаните, се наведува во соопштението на РЦУК.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2022 10:48