Сува трева и објект изгорел во вчерашниот пожар на „Пчињски пат“ во Куманово, кумановските пожарникари гаселе сува трева и стрништа на уште четири три локации, известија денеска од РЦУК Куманово и од Територијалната противпожарна единица.
Пожарот на „Пчињски пат“ е пријавен во 14:40 часот, првин во полицијата која останала да го контролира, по што веднаш се упатиле пожарникари.
– Во текот на денот на овој пожар интервенирале три возила со десет пожарникари. Последната екипа го изгасила пожарот во 19:35 часот, зафатена е сува трева и помошен објект, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Во текот на вчерашниот ден горело стрниште во село Речица и во село Умин дол. Двата пожари се изгаснати. Во попладневните часови, покрај пожарот кај „Пчиљски пат“, горел и дел од викендичка на „Никуљски пат“.