Продажбата на аудиокасети во САД речиси се удвоила – од 173.000 во 2020 година, на 343.000 набавени примероци во 2021 година, објави порталот „Луминејт“ (Luminate).

И досега оваа 2022 година, продажбите стигнаа до вкупно 215.000 касети, што сигнализира веројатен натамошен раст. Меѓу уметниците кои неодамна продаваа музика како касети се Били Ајлиш, Вик’нд и Ози Озборн, забележува истражувачката, Паулина Пчелин.

А, „големата слика“ вели и дека носталгијата веќе поттикна пораст и на продажбата на винил-плочи, што ги прави попопуларни од ЦД-та.

Уште повеќе, доста аудиофили ќе кажат дека винилот обезбедува најдобар квалитет на звукот, потоа ЦД-ата, а касетите се „далечно трети“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2022 08:25