Британец освоил рекорден џек-пот од 195 милиони фунти на лотаријата „Евромилионс“ (EuroMillions).

Ова е најголемата добивка во историјата на лотаријата, а претходниот рекорд беше 184 милиони фунти – од мај оваа година, објави операторот „Камелот“.

Добитните броеви на извлекувањето вчеравечер беа 6, 23, 27, 40, 41, 2 и 12.

Извлекувањето на „Евромилионс“ се одржува двапати неделно – вторник и петок, а се игра во 13 европски земји. На вчерашното извлекување беа доделени вкупно 195.707.000 фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2022 13:48