Кумановските пожарникари гаселе пожар на запален автомобил и на ѓубриште во текот на вчерашниот ден, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарникарите го изгасиле пожарот на автомобилот вчера претпладне.

-Пожарникарите имале една интервенција на улицата „Тоде Думба“ на запалено патничко моторно возило во периодот од 10:55-11:20 часот каде учествувале со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, соопштија од РЦУК Куманово.

Втората интревенција била на запалено ѓубриште зад булеварот „Октомвриска револуција“ Пожарникарите се задржале еден час од 13.05 до 14.05 часот со едно противпожарно возило.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2022 05:34