На 19.07.2022 во 10.40 часот во ОВР Кавадарци, 62-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е Јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела судска постапка. Како што е пријавено, лицето и побарало 300 евра за да му помогне на нејзиниот син во судски процес, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и побарало парите да му ги пушти по такси возило во Гевгелија, по што го прекинало контактот со неа.
Се работи на расчистување на случајот по што ќе следи соодветна пријава.