На 20.07.2022 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода П.Б.(35) и Г.Д.(36) од Кавадарци.

Тие се сомничат дека на 19.07.2022 извршиле кривично дело „кражба“ од патничко возило во Кавадарци.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2022 10:49