Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 04.00 часот, казнети се 31 возач од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во спроведената засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Како што информираа од МВР, од нив, девет возеле без возачка дозвола, четири возеле под дејство на алкохол, исклучени се 13 возачи и две возила од сообраќај…
Засилените акциски контроли продолжуваат.