Островот Илха да Кеjмада Гранде, близу брегот на Бразил, е нарекувано „најсмртоносното место на планетава“ – поради илјадниците змии коишто го населуваат.

Со сончевото влијание и морето, рајскиот остров би можел да биде главна туристичка дестинација во областа… Но, таму е толку опасно што на необучени луѓе им е забрането и да стапнат на островот – за тој чекор да не им биде последен. Додека многу змии се плашат од луѓето и претпочитаат да се скријат или „да глумат“ мртви, отколку да напаѓаат, ова соевидно големо „змиско гнездо“ не е место за тестирање на сѐ тоа.

На него, меѓу другите, живее и тн. златна змија – една од најопасните на планетава чиј отров убива за еден час.

Името на островот во превод значи „Остров на големиот шумски пожар“ – што укажува на обидот во минатото да се отстрани прашумата за да се создаде плантажа за банани тука, но веројатно е попознат како „Змиски Остров“… Има површина од 43 хектари и на него живеат меѓу 2.000 и 4.000 змии. Тие биле заробени на островот кога покачувањето на нивото на морето го покрило копното и го изолира ова парче земја од остатокот од главното копно.

Без луѓе или грабливци – ловци на земјата, таа се храни со птици коишто слетуваат на островот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2022 12:39